X
 08.05.2025 Живот

Дејвид Атенборо со нов филм по повод неговиот 99. роденден: „Океанот е најважното место на Земјата“

Дејвид Атенборо најавува еден од најзначајните филмови во неговата кариера додека се подготвува да ја прослави стотата година од животот.

Тој верува дека неговиот нов филм со наслов „Океан“ би можел да одигра клучна улога во зачувувањето на биодиверзитетот и заштитата на планетата од климатските промени.

- По речиси 100 години поминати на оваа планета, сега разбирам дека најважното место на Земјата не е на копното, туку во водата - вели Атенборо, кој наполни 99 години.

Филмот ги документира промените во состојбата на светските океани и нашето разбирање за нивното функционирање низ текот на животот на Атенборо.



Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот