X
 10.07.2020 Наука

Никола Тесла: „Ако вашата омраза се претвори во електрична енергија, ќе го осветли целиот свет“

Никола Тесла е еден од најголемите умови на сите времиња.

Роден е на 10 јули 1856 година во Смилјан, Лика, а починал на Божиќ во 1943 година во САД, каде што живеел.

Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира сиромашен и заборавен на возраст од 86 години.

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.

Споделуваме неколку мудри мисли и цитати што ги кажал Тесла.

tesla
Фото: Instagram

- Кога науката ќе почне да ги проучува нефизичките феномени, ќе оствари поголем напредок во една деценија отколку во сите претходни векови на своето постоење.

- Мислам дека не можете да наведете големи изуми што ги создале оженети мажи.

- Нашите доблести и недостатоци се неразделни, како силата и материјата. Кога ќе се разделат, повеќе го нема човекот.

- Денешните научници размислуваат длабоко и конфузно наместо јасно. Човек мора да има способност за јасно размислување. Но, човек може длабоко да размислува и да биде прилично луд.

- Мојот мозок е само приемник, во универзумот постои јадро од кое ги добиваме знаењето, силата и инспирацијата.

- Додека ги прегледувам случувањата од мојот изминат живот, сфаќам колку се суптилни влијанијата што ги формираат нашите судбини.

- Мир може да дојде само како природна последица на универзалното просветлување и спојување на расите, а ние и понатаму сме далеку од оваа блажена реализација.

- Повеќето луѓе се толку окупирани со размислување за надворешниот свет, што се целосно несвесни за она што се пренесува во нив.

- Не се грижам што ми ја украдоа идејата, се грижам што немаат свои идеи.

- Од сите неразбирливи отпори, оној што најмногу го збудалува човековото движење е незнаењето. Буда го нарекол - најголемото зло на светот.

- Ако вашата омраза се претвори во електрична енергија, ќе го осветли целиот свет.

- Од сите работи, најмногу ги сакам книгите.

Извор: 6yka.com | Latesly.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука