X
 08.06.2018 Живот

Непријатните прашања што Путин избегна да ги одговори на годинешната конференција

Рускиот претседател Владимир Путин завчера ја одржа годишната конференција на која во живо одговараше на прашања поставени од новинарите и јавноста. Му биле поставени повеќе од 2,8 милиона прашања.

Иако одговорил на голем број прашања, сепак, некои од нив биле прилично непријатни и контроверзни, па одлучил да ги игнорира.

putin
Фото: Sputnik

Ова се дел од тие прашања:

- Живеете добро. Кога ќе живееме ние?

- Зошто бананите тука се двапати поскапи од јаболката? Што сме ние, банана република?

- Кога нашите олигарси ќе купат наши фудбалски клубови?

- Дали олигархијата е вечна?

- Зошто демонстрациите на 5 мај, во поддршка на Навални, беа потиснати?

- Зошто не постои вистинска опозиција во земјава?

- Дали е нормално да се продава алкохол во музеите?

- Зошто има пари за тенкови, бомби, авиони и автоматско оружје во оваа земја, а нема пари за луѓето?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот