X
 08.08.2021 Живот

Психолозите ги делат нарцисите на два вида. Можете ли да ги препознаете?

Големи се шансите дека сте сретнале нарцис. Ова се оние луѓе кои мислат дека се подобри од сите, доминираат за време на разговорите и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Но научниците сè подобро ги разбираат овие луѓе и разбираат дека сите нарциси не се исти и некои се многу несигурни.

Никила Махадеван, професор по психологија на Универзитетот на Есекс, ги опишува различните видови на нарциси во труд објавен заедно со истражувачот Кристијан Џордан.

Во митот за Нарцис, тој се вљубил во својот одраз во водата, а потоа неговата љубов кон себеси го однела до смртта. Митот ги покажува опасностите од претераната љубов кон себеси, опседнатоста со себеси и недостатокот на сочувство за другите.


Фото: Pixabay

Махадеван и Џордан идентификуваат два вида нарциси во нивниот труд: грандиозен и ранлив вид. Грандиозните нарциси се арогантни, доминантни и екстровертни. Тие најчесто имаат голема самодоверба, храбри се и убедливи и се среќни и уверени кога станува збор за нивниот живот.

Од друга страна, ранливите нарциси се повлечени, невротични и несигурни. Тие најчесто имаат ниска самодоверба, многу се чувствителни и чувствуваат анксиозност и депресија.

Она што е заедничко за двата вида нарциси е себичноста. Двата вида сметаат дека им следува специјален третман и привилегии и се однесуваат кон другите на антагонистички начин.


Фото: Pixabay

Во социјалните ситуации, грандиозните нарциси се доминантни и шармантни, додека ранливите нарциси се срамежливи и анксиозни.

Во трудот на Махадеван и Џордан, тие откриле дека двата видови нарциси бараат социјален статус, иако грандиозните нарциси сметаат дека го имаат овој статус, а ранливите нарциси сметаат дека не го добиле статусот кој го заслужуваат. Двата вида нарциси бараат почит и восхит од страна на другите.

Извор: The Conversation 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот