X
 08.08.2025 Живот

Човек прочитал 3.599 книги за 60 години, неговото семејство го сподели целиот список онлајн

Ден Пелцер, кој почина годинава на 92-годишна возраст, остави зад себе рачно напишан список со сите книги што ги прочитал почнувајќи од 1962 година. 

Неговото семејство го дигитализирало списокот, го поставило онлајн и тој стана вирален, на изненадување на оние што никогаш претходно не слушнале за Ден. Но, се чини дека така би сакал самиот тој, според впечатокот што го дале неговите деца кога биле интервјуирани за популарноста на списокот за читање на нивниот татко од повеќе од 100 страници. 

Тој почнал да го прави списокот кога бил стациониран во Непал како волонтер во Мировниот корпус и го чувал до крајот на своите читачки денови во 2023 година, долго откако се пензионирал од работата како социјален работник во малолетнички поправен дом во Охајо.

Испитани заедно, без разлика дали во форма на целосен преглед или ПДФ-документ што може да се пребарува, 3.599. книги, од кои повеќето биле земени од библиотека, за кои Пелцер евидентирал дека ги прочитал, претставуваат лична културна историја од изминатите шест децении. Тој бил доследен во својата потрага по интерес не само за историјата на христијанството, туку и за историјата на западната цивилизација воопшто.


Не е изненадување што навлегувал во серијалот „Приказната за цивилизацијата“ од Вил и Ариел Дурант во раните осумдесетти години, иако е малку изненадувачки што ги прочитал единаесетте тома по навидум случаен редослед. Оваа навика се покажува како карактеристична: иако се вели дека ја завршувал секоја книга што ја почнувал, тој стигнал само до шест тома од „Танц со музиката на времето“ од Ентони Пауел, почнувајќи од единаесеттиот и завршувајќи со десеттиот.

Испреплетени со книгите од „Приказната за цивилизацијата“ се романите како „Гласиште за војна“ од Филип Капуто, „Светот според Гарп“ од Џон Ирвинг и три романи од Кен Фолет. Иако постојано се занимавал со приказната за човештвото, Пелцер имал слабост и кон жанровските трилери (го паметат како голем обожавател на Џон Гришам) и актуелни книги во моментот.

 Но, без разлика дали читал на високо, ниско или средно ниво, се чини дека бил спремен да им даде на сите главни религии и политички филозофии, како и на некои помали, фер сослушување - или поточно фер читање.

Извор: openculture.com

Фото: what-dan-read.com screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот