X
 08.09.2021 Живот

Град чиј „паметен мозок“ го следи секој чекор на граѓаните

Како ви звучи идејата за невидливо око што го следи секој ваш чекор и сѐ што се случува околу вас - во сообраќајот, во продавниците, на социјалните мрежи?

Тоа е реалност во кинескиот град Хангжу, каде што живеат 9 милиони луѓе и се чини дека тоа не им претставува проблем. Кон крајот на минатата година во овој град беше инсталиран систем наречен „мозок на градот“ базиран на вештачка интелигенција.

Задача на системот е да следи сѐ што се случува во градот - сообраќаен метеж, криминал, па дури и активностите на луѓето на социјалните мрежи, нивните движења, користењето јавен превоз и слично.

1
Фото: Freepik

Не станува збор за надзор чија цел е шпионирање на граѓаните, туку овој систем е формиран за да го олесни брзиот начин на живот. Сите податоци ги обработува вештачка интелигенција, која потоа нуди решенија за некои проблеми, како што се сообраќаен метеж, судири, неправилно паркирање на автомобили, апсење криминалци и слично.

- Кина и Кинезите, во споредба со голем број други земји, не се толку опседнати со приватноста, така што немаше многу проблеми при воведувањето на овој систем - вели Сијан-Шенг Хуа, менаџер за развој на вештачка интелигенција во „Алибаба“.

kina
Фото: Freepik

„Мозок на градот“ досега се покажа како успешен систем - намален е бројот на сообраќајни несреќи и на криминални дејства, а метежот е намален бидејќи самиот систем ги приспособува семафорите според ситуацијата.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот