X
 08.10.2021 Живот

Романски град доделува бесплатен автобуски билет доколку клекнете 20 пати

Жителите на романскиот град Клуж-Напока може да платат за возење со автобус со физички вежби. Поточно, тие треба да клекнат 20 пати пред камера за да добијат еден бесплатен билет за автобус кој може да го искористат во период од една седмица.

Засега, оваа опција е достапна само на една постојка во градот, но е многу популарна, пренесува локалниот медиум „Романија инсајдер“.


Постојката ја нудела оваа функција три месеци минатата година, а за тој период нејзините корисници клекнале вкупно еден милион пати, а биле доделени над 55.000 бесплатни билети. Затоа, функцијата сега е повторно достапна.

Извори: Neatorama | Romania Insider
Фото: Sports Festival/Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот