X
 08.11.2023 Живот

„Инстаграм“ им дава празничен бонус на некои корисници

„Инстаграм“ тестира концепт за „празничен бонус“ кој ќе ги наградува креаторите на содржини врз основа на нивната популарност на социјалната мрежа.

Бонусот се тестира само на одреден број креатори, а има цел да ги награди влијателните корисници за споделување на нивната креативност преку видеа и фотографии на социјалните мрежи.


Фото: Meta

Засега, само одбрани креатори во САД, Јапонија и во Јужна Кореја ќе го тестираат новиот концепт до крајот на годината. Тие ќе добијат покана да ја активираат опцијата и да започнат да заработуваат на овој начин. Ќе добиваат пари врз основа на прегледите на видеата и фотографиите што ги објавуваат во текот на овој период.

„Инстаграм“ воведува и други новини за креаторите, како опцијата за подарок, која сега им е достапна на повеќе корисници низ светот. Следбениците може да споделуваат виртуелни подароци преку апликациите на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ за да ги поддржат креаторите.

Извор: Peta pixel
Насловна фотографија: Meta
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот