X
 08.12.2023 Живот

Откријте ја вашата фаза на развој: Фројд идентификувал седум карактеристики на зрелите луѓе

Сигмунд Фројд, австриски психијатар, нагласува дека единствената валидна основа за мерење на напредокот е споредба со себеси во минатото и дека сега треба да бидеме подобри луѓе во споредба со себеси во претходните моменти.

Во прилог на тоа, следува листа со карактеристики составена од следбениците на теоријата на Фројд, која ќе ви помогне да ја одредите емоционалната зрелост.

Способност за прифаќање конструктивна критика

Клучот е да може да се соочите со вистината за сопствените силни и слаби страни, избегнувајќи негирање на проблемите.

Способност за приспособување на промените

Емоционалната зрелост се манифестира во способноста за приспособување на животните промени, дури и кога тие предизвикуваат стрес.

Отпорност на стрес

Отпорноста на стрес директно влијае врз менталното и физичкото здравје, покажувајќи го нивото на емоционална зрелост.

Способност не само да се прима, туку и да се даде


Среќата често се поврзува со способноста да се поддржуваат другите, додека себичноста и зависта често се поврзуваат со примањето.

Способност за справување со луѓето со разбирање

Градењето односи се заснова на љубов и почит, а тоа се клучните компоненти на хармоничен живот.

Способност да се пренасочи негативната енергија во конструктивна насока


Важно е да научите да ги насочувате негативните емоции кон конструктивни цели наместо да ги држите внатре.

Капацитет за љубов

Љубовта е сила која има моќ на трансформација, а способноста за изразување и примање љубов укажува на високо ниво на емоционална зрелост.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот