X
 09.03.2022 Живот

Римац и Маск се сретнаа во Њујорк

Мате Римац и Илон Маск вечераа на настан во Њујорк, а деталите од оваа средба веројатно ќе останат тајна.

Деновиве се случи првата средба на Мате Римац или како што странските медиуми го нарекуваат „балканскиот Илон Маск“ и „вистинскиот“ Илон Маск. Римац сподели фотографии на „Фејсбук“ од настан кој изгледа како гала-вечера во објектот на „Легаси рекордс“ во Њујорк, а Маск и Римац седат еден до друг.

Римац на „Фејсбук“ напиша: „Ова беше забавно... и интензивно.“ Римац носи џемпер со логото „П3 мобилити“, а не „Римац автомобил“ или компанијата „Бугати Римац“, па ова ќе го протолкуваме како „навестување“ дека со Маск разговарал за автономни автомобили на кои работи „П3 Мобилити“.

„Проџект 3 мобилити“ е посебна компанија, основана во 2019 година. Нејзиното седиште е во Загреб, каде што ветија дека ќе го започнат првиот проект за роботика до крајот на 2024 година. За тоа добија и европски средства, а за овој проект на електрична автономна мобилност беа издвоени дури 1,485 милијарда куни од европскиот план за закрепнување. Римац претходно најави дека оваа година треба да биде прикажан првиот прототип на возило развиено за оваа намена.


Извор: Bug.hr
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот