X
 26.12.2017 Живот

Што е она што ги прави шармантните луѓе толку допадливи

Сигурно некогаш сте сретнале човек кој влегува во соба полна со странци, а си заминува со 10 нови пријатели. Шармери. Што е она што ги прави овие луѓе толку допадливи, додека другите мора добро да се потрудат за да остават добар впечаток? Иако се смета дека харизмата и шармот се вродени, сепак, зад шармирањето стои и малку наука.

Факторите што можат да го утврдат нашиот успех во односите со другите луѓе можат да почнат да дејствуваат уште пред да ги сретнеме. Истражувањата потврдиле дека луѓето што ги среќаваме често имаат предрасуди за нас врз основа на тоа како изгледаме. Доминацијата, пак, е поврзана со морфолошките карактеристики, постојат работи како доверливост, па дури и привлечност, кои зависат од фацијалните експресии. Ова се неколку трикови со кои ќе го зголемите сопствениот шарм:

1. Среќно лице

Се разбира дека не можете да ги изберете физичките карактеристики на вашето лице, но можете да ги контролирате експресиите и да се насмеете. Според истражувањата, кога некое лице се смее, изгледа среќно, а со тоа и доверливо. Исто така, лицата што се смеат оставаат впечаток на топли и социјални личности. Експертите велат дека може да се поправи и првиот впечаток, доколку бил негативен, бидејќи ако успеете да ги импресионирате вториот пат, тие ќе го заборават првото искуство. 

2. Канализирајте го шармот

Да се биде допадлив е голема придобивка во бизнисот. Претприемачите со подобри социјални вештини имаат поголема шанса да бидат успешни и се подобро прифатени од колегите. Експертите велат дека вештините за меѓучовечки односи се многу важни на работното место, особено во организациите што имаат хиерархиска структура. Најдобро е да тренирате да бидете шармантни.

3. Кревање на веѓите

Експертите истакнуваат дека шармирањето почнува со кревање на веѓите. Тоа и, се разбира, насмевката се клучни за оставање добар впечаток. Златното правило за креирање пријателства е кога правите луѓето да се чувствуваат добро за себе. Тогаш им се допаѓате и ве прифаќаат. Исто така, потребно е да се воспоставува контакт со очите, бидејќи ако го гледате соговорникот в очи, тоа значи дека покажувате интерес за него и за тоа што го зборува. Важно е и да се даваат емпатични изјави кои позитивно ќе влијаат врз емоциите кај соговорникот.

4. Најдете заедничка тема

Без разлика дали мислењата ви се исти или се разликуваат, добро е кога со соговорникот ќе најдете заедничка тема и ќе дискутирате. На тој начин се поврзувате, запознавате и се зближувате. И кога не се согласувате, обидувајте се да го слушате соговорникот, а не само да го кажувате своето мислење и покажете почит кон неговиот став.

5. Гледајте го телото на соговорникот

Уште еден фактор за допадливост е говорот на телото. Кога луѓето разговараат, започнуваат да потсетуваат едни на други, па тоа е сигнал дека „има хемија“. Ако ја промените својата положба за време на разговорот и другото лице ве копира, тогаш тоа значи дека разговорот тече во добра насока. Психолозите советуваат да откривате детали за себе, но постепено, па секоја нова информација што ќе ја кажете да предизвика љубопитност кај другото лице, а и желба и тоа да сподели информации за себе.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот