X
 09.04.2020 Живот

Метју Меконахи игра виртуелно бинго со пензионери од старски дом во Остин

Во понеделникот актерот Метју Меконахи беше домаќин на виртуелна сесија на бинго за пензионерите [to живеат во старски дом во Остин.

50-годишниот Меконахи им приреди вистинска забава преку „Зум“ на пензионерите од домот.

Во видеото објавено на фејсбук-страницата на пензионерскиот дом „Раунд Рок“, Меконахи заедно со неговото семејство ентузијастички навива за победниците во бинго.





Ова не е првпат актерот да го користи „Зум“ во текот на изолацијата. Минатата недела Метју Меконахи се појави на дигиталниот состанок на Универзитетот во Тексас, а на студентите им испрати порака: - Држете се! Извор: Consequenceofsound.net
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот