X
 02.11.2021 Живот

Пензионерите што им дофрлаат на градежните работници добиваат награди во Италија

Сигурно сте ги виделе и во вашиот град, наведнати, со седа коса и залепени за оградата на градилиштата. За најстарите сограѓани, кои слободното време го поминуваат давајќи им совети на работниците, Италијанците смислија име кое влезе во речникот.

На „Твитер“ се појави интересна приказна дека пензионерите во Италија што ги набљудуваат градежните работи добиваат официјално име во италијанскиот речник - умарел што во буквален превод значи „мал човек“. Станува збор за феномен кој е широко распространет во Италија: рацете зад грб, фокусиран поглед и критики на сметка на работниците се нивната омилена комбинација.

Понекогаш се сами, често ги има повеќе, но што и да се гради или поправа, бидете сигурни дека ќе бидат присутни. На работниците често им пречат нивните непрофесионални коментари, па грубо ги прекоруваат.

1
Фото: Twitter

Верувале или не, овие пензионери станаа вистински културолошки феномен. Во Болоња и околните градови често се поставуваат прозорци на оградите за да можат овие самоиницијативни надзорници да ги следат работите. На некои места изведувачите им даваат хонорари за да го набљудуваат градилиштето, доколку нема чувари.

Овие набљудувачи кај нас немаат име иако се доста присутни. Каде и да се прави нешто, секогаш постои некој дедо што им дава совети на работниците, обично лоши. Без оглед дали станува збор за начинот на кој го држи чеканот, на пензионерот му пречи барем еден потег на работникот и често ќе му биде објаснето како се прави тоа.

umarel
Фото: Twitter

Сигурно знаеме некој што е умарел, без оглед дали е комшија, дедо, познајник. Во Болоња е основана и награда наречена „Умарел на годината“, а направена е и апликација која на умарелите им дава список со активни градилишта каде што можат да набљудуваат и критикуваат. Покрај апликацијата, можете да добиете и фигурина која критички ќе ве „набљудува“ додека работите.

Додека нивниот изглед е исклучително интересен за општеството, на работниците на кои им се упатени овие критики често им пречат овие умарели кои само сакаат да се почувствуваат корисно.

Извор: Noizz.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот