X
 09.05.2017 Наука

Решете ја задачата: Колку изнесува површината на овој триаголник?

Може да се каже дека работењето во „Microsoft“ е работа од соништата. Интервјуата за работа се прераскажуваат на социјалните мрежи, а едно прашање - односно една задача која ја добил едно младо момче од Индија, ги заинтригира интернет корисниците.

Прашан Багдиа на „Quora“ ја поставил задачата која ја добил негов пријател за време на интервјуто за работа, а гласи вака:

„Правоаголен триаголник има хипотенуза од 10 сантиметри, а висината над хипотенузата е 6 сантиметри. Колкава е површината на триаголникот?

Младото момче на интервјуто за работа одговорило дека висината на триаголникот е 30 сантиметри, со формулата 1/2*6*10 и веднаш ги изгубило шансите за работа. Зошто?

Затоа што овој триаголник не може да постои. Ако хипотенузата е долга 10 сантиметри, висината најмногу може да биде 5 сантиметри, ако краците на триаголникот се наоѓаат под агол од 45 степени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука