X
 09.05.2022 Живот

Рекордна инфлација од 10,5 отсто, маслото поскапи за 20,2 отсто

Трошоците на живот во април годинава (инфлацијата) се повисоки за 10,5 отсто во споредба со истиот месец лани, додека цените на мало се зголемиле за 11,1 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

 

Податоците покажуваат дека во споредба со претходниот месец, март, трошоците за живот во април се зголемени за 2,2 отсто, а цените на мало пораснале за 2,0 отсто. Најголем скок, односно пораст на трошоците за живот во минатиот месец во споредба со само еден месец претходно е забележан кај маслото и маснотиите за 20,2 отсто. Потоа, кај свежиот и разладениот зеленчук за 12,9 отсто, свежото и разладеното овошје поскапило за 4,4, сирењето и урдата за 3,7, месото за 3,4, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 2,3, пивото за 1,9 и друго.

Истовремено, се бележат поскапувања и во другите дејности, како воздухопловниот патнички транспорт кој поскапил за 46,6 отсто, туристичките аранжмани за 8,9,  гасот за домаќинствата за 4,1, течните горива за домаќинствата за 2,6, големите алатки и опремата за 1,7, мебелот и покуќнината за 1,5 отсто итн.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот