Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, доби две номинации за престижните телевизиски награди „Еми“.
Филмот е номиниран во категоријата „Извонредна кинематографија за документарна програма“.
„Приказната за Силјан“ е номиниран и во категоријата „Исклучителни достигнувања во документарното филмско творештво“, во која се номинирани продуцентите Тамара Котевска, Жан Дакар и Ана Хашми, заедно со извршните продуценти Дејвис Гугенхајм, Кејси Мојер, Керолин Бернстин и Тим Хорсбург.