X
 11.11.2019 Култура

Американската критика му додели две награди на „Медена земја“

Награда за најдобар прв документарен филм за Тамара Котевска и за Љубомир Стефанов и награда за најпривлечен лик во документарец за Атиџе Муратова се најновите меѓународни признанија за филмот „Медена земја“. Американското здружение на критичарите синоќа ги додели наградите на гала-вечера во Бруклин, Њујорк.



За најдобар документарец е прогласен „Аполо 11“, а наградата за режија ја поделија дури тројца – Питер Џексон („Тие никогаш нема да остарат“) и Џулија Рајхарт и Стивен Богнар за „Американска фабрика“.

„Медена земја“ неодамна доби номинација за најдобар европски документарец од Европската филмска академија. Најдобрите европски филмови ќе бидат прогласени на 7 декември во Берлин. „Медена земја“ е македонскиот кандидат за „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија, а во јануари ќе се знае дали можеби ќе му се насмевне среќата и во категоријата најдобар документарен филм.



Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура