X
 07.05.2019 Наука

Таинствена дупка се појавува и исчезнува на Антарктикот. За што станува збор?

На почетокот на 70-тите години, кога почнало првото сателитско снимање на површината на Земјата, научниците забележале таинствена дупка во една од сезонските ледени плочи на Антарктикот. Во лето дупката исчезнувала - со децении, а овој чуден настан останал необјаснет.

Дупките или длабочините од различни видови се честа појава на ледените плочи. Тогаш зошто оваа појава е толку мистериозна и таинствена? Веројатно затоа што кај овој инцидент дупката исчезнала, односно волуменот повторно се наполнил со мраз во текот на летото кога мразот бил најтенок, а повторно се појавувала во зима, кога мразот е најдебел.

Пред една и пол година, во текот на најстудените зимски месеци на Антарктикот, повторно, на истата ледена плоча се појавила џиновската дупка со размер од 9.500 квадратни километри. Два месеца подоцна пораснала за 740 отсто, пред повторно да исчезне пред да дојде летото.

По децении размислување за ова појава, научниците сметаат дека конечно сфатиле зошто оваа мистериозна дупка упорно се појавува и исчезнува. Со помош на сателитските снимки и анализите од претходните податоци, истражувачите од њујоршкиот универзитет „Абу Даби“ откриле дека овие минливи дупки најверојатно се лузни од циклонски бури.

Експертите сметаат дека во септември 2017 година, кога топлиот и студениот воздух се судирле на Јужниот Пол, циклонските вители, кои достигнуваат 117 километри на час, создале бранови високи 16 метри и ја турнале антарктичката плоча во сите насоки и подалеку од средиштето на бурата, па со тоа постигнале временски ефект на подводна дупка.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука