X
 09.09.2019 Живот

Виена претвора улици во зелени оази за полесно поднесување на жештините

По објавувањето на интерактивната мапа на која се прикажани температурите и таканаречените топлински острови во виенските окрузи, градските власти во Виена, Австрија, решиле да дејствуваат.

Со помош на мапата е утврдено дека најтоплите места во градот се во 3., 10. и 16. округ. Веднаш е започнат пилот-проект чија цел е да им се олесни животот на граѓаните во текот на летните горештини. Така, некои улици во трите наведени виенски окрузи се претворени во зелени оази со места за одмор, игра, дружење и разговор.

Улиците се избрани според положбата и зеленилото во нив, односно предност во вклучувањето во проектот им е дадена на оние улици што се поладни во текот на денот.

Потоа тие се претворени во пешачки и велосипедски зони, а на некогашните паркинг-места се поставени клупи, маси и столови, но монтирани се и гумени цевки кои испуштаат водена магла која ги разладува минувачите. Сите три локации се посетувани и од страна на службеници кои се грижат за редот и мирот и навечер местат дел од мебелот.

Целта на проектот не е само да им се олеснат летните жештини на жителите, туку и јавниот простор да им се врати на граѓаните и да се создадат места на кои ќе можат да се дружат. По завршувањето на проектот градските власти ќе ги оценат постигнатите резултати и ќе донесат одлука за тоа дали овој проект ќе продолжи или може да се пронајде некое подобро и поодржливо решение.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот