X
 09.09.2022 Живот

Во Словенија инспектори го прегледуваат ѓубрето и казнуваат за неселектирање

Во центарот на Љубљана има подземни контејнери, а граѓаните ги отвораат со картичка контејнерите за мешан комунален отпад и оние за биоотпад. Сè функционира беспрекорно. Во центарот на словенечката престолнина веќе има 76 контејнери, а се планира тој број да се зголеми на 100.

Проектниот менаџер Јоже Грегорич од љубљанското комунално претпријатие во разговор за Н1 објаснува како функционира одлагањето на отпадот во Љубљана.

- Секое домаќинство има фиксен трошок и тој изнесува нешто повеќе од 10 евра. Во таа цена се вклучени 6 одлагања на мешан комунален отпад и 8 одлагања на биоотпад. Ако имаат повеќе одлагања од тој број, тогаш се плаќа секое ново одлагање. Секое одлагање надвор од одредениот број за мешан комунален отпад изнесува едно евро, а за биоотпадот е 12 центи. Колку повеќе отпад имате, толку повеќе ќе платите - вели тој.

Грегорич објаснил и како функционира системот на казнување на оние што не го селектираат отпадот во Словенија.

- Не казнува нашето комунално претпријатие, туку месниот инспекторат. Прво има комуникација, прво се разговара. Ако има некој неред, прво разговараме со управителот на зградата и ако ситуацијата не се подобри, тогаш  инспектори одат таму и гледаат што не е во ред. Потоа се пишуваат казни. Ако е потребно, инспекторите ги отвораат и вреќите. Казните не се баш мали, сигурно 100 евра - вели тој.

Извор: N1
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот