Имам син од две години и 5 месеци кој оди во градинка. Уште пред да тргне во градинка имаше напади на бес и агресија за кои верувавме дека се тантруми. Знаеше да нѐ нападне мене, баба му, татко му со гребење, кубење, фрлање играчки по нас… Во градинка се случи 4-5 пати воспитувачката да се пожали дека бил многу агресивен – изгребал едно дете, а силно каснал друго. Пробал намерно да повреди трето дете кое го турнал од столче. Тоа неколку пати се има случено и по игротеки. Првиот пат гребеше едно девојче по лицето. Девојчето силно заплака, но тој продолжи да ја гребе и да напаѓа. Воопшто не го вознемири тоа што таа силно плачеше. И тој беше во некој шок, ама продолжи по неговото. Пред неколку дена се случи истото во игротека кога силно гризна едно дете. Најмногу од сѐ ме загрижи врескањето на моето дете – како да беше во некаков шок, исклучен и викаше „уште ќе гризам“.
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк