X
 09.11.2023 Живот

Инфографик за годишните трошоци за туширање низ целиот свет

Туширањето е рутински дел од животот. За некои, тоа е релаксирачка активност. За други, брз начин да се започне денот. Но, дали некогаш сте помислиле колку чини?

„Кју-ес сплајс“, продавница за мебел за бањи со седиште во Велика Британија, се обиде да ја најде годишната цена на топлиот туш низ целиот свет, составувајќи интересен инфографик и откривајќи дека трошоците за туширање не се исти за секого.

За да измери колку чини годишно туширањето, „Кју-ес сплајс“ ги разгледала трошоците за електрична енергија и вода во 89 земји. Потоа ги спореди со просечниот годишен приход во секоја земја за да ја утврди неговата севкупна достапност.

Во просек, цената на топол туш е 260 долари годишно, но има огромни разлики од земја до земја. На пример, во Данска, една година туширање со топла вода секој ден чини 802 долари, што ја прави најскапа во светот. Од друга страна, Египет и Суринам имаат најниски годишни трошоци за туширање  - 33 долари. Во САД годишниот трошок за туширање е 264 долари.

1
Кликнете на фотографијата за поголема резолуција/Фото: Qssupplies

Во Македонија туширањето изнесува 189 долари годишно.

Земјата со најприфатливи годишни трошоци за туширање е Норвешка, бидејќи изнесуваат 0,31 отсто од просечниот локален приход. Веднаш зад Норвешка се Кувајт и САД, со 0,35 отсто и 0,49 отсто од просечниот локален приход. Туширањето е многу скапо во Руанда, со 46,17 отсто од просечниот годишен приход.

Важно е пристапот до туширање да биде загарантиран за секого. На крајот на краиштата, дури и ОН сметаат дека е човеково право да се има физички достапен пристап до санитарни услови, во сите сфери на животот, кој е безбеден, хигиенски и социјално и културно прифатлив.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: QS Supplies
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот