X
 09.12.2021 Живот

„Отвори за среќа“ новогодишната магична кутија од Еснаф

Потрагата по вистинскиот уникатен подарок завршува во моментот кога ќе влезеш во Еснаф. Место кое освојува со уникатните изработки што нема да ги најдеш во ниту една друга продавница.

Кој вели дека среќа не може да се подари!?



Во Еснаф решија практично да го „разбијат" овој мит. Додека се создаваше ОТВОРИ ЗА СРЕЌА кутијата, вредните раце на изработувачите од Еснаф ги подготвија подароците, секој посебен и уникатен.

Вие треба само да изберете и комбинирате што ќе содржи „магичната кутија“. Доколку се двоумите, ви треба совет или помош при изборот на подарокот или сакате да нарачате некој персонализиран подарок по ваша замисла, тимот на Еснаф е секогаш тука да ви помогне.



Кутијата ќе ја зачинат со рачно напишана порака. Пораката ќе биде со ваши зборови „од срце”, кои ќе ѝ ја покажат на драгата личност вашата нежна страна.
Доколку сакате да ѝ приредите поголемо изненадување, ОТВОРИ ЗА СРЕЌА магичната кутија може да биде доставена на соодветна адреса.

Ако немате многу време и немате можност да ги посетите вашите драги личности, сето тоа може да го направите на Еснаф онлајн продавницата на https://esnaf.eu/mk/product/otvori-za-sreka-kutija-za-podarok/.



Сите што сакаат да им овозможат на блиските за претстојните празници уникатни подароци - ОТВОРИ ЗА СРЕЌА, повеќе информации можат да добијат на телефонот 070 801 661, на https://esnaf.eu/ или во продавничката кај грчка амбасада.

Не заборавајте дека со купување од Еснаф придонесуваш за поддршка на занаетчиска заедница.



#отворизасреќа

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот