X
 10.01.2019 Живот

Ако не изгубите 13 килограми, нема да може да работите како стјуардеса

На стјуардесите што работат за авиокомпанијата „Пакистан интернешенл ерлајнс“ им стигнал допис од надлежните дека мора постепено да изгубат 13 килограми или ќе бидат приземјени.

Пораката била испратена до 1.800 е-адреси, а компанијата дошла до заклучок дека секој член на кабинскиот екипаж има 13 килограми повеќе.

Ако вработените не ги изгубат тие килограми до 31 јануари 2019 година, ќе бидат санкционирани и одведени во медицински центар на нова евалуација и „лекување“ додека не дојдат до посакуваниот индекс на телесна тежина.

Оние што веќе ја имаат очекуваната тежина исто така ќе мора да се мерат еднаш месечно пред да добијат дозвола за лет.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот