Колку би платиле за билет во зоолошка градина? Веројатно не многу повеќе од сумата што би ја дале за едно кафе. Но, билет во една зоолошка градина во Канбера, Австралија, може да ве чини над илјада долари.
„Џамала вајлдлајф лоџ“ нуди ноќевања во зоолошката градина во Канбера кои чинат 1.500 американски долари. Цената вклучува ноќевање за двајца, храна, пијалаци и ексклузивни тури. Со ноќевањето добивате соба со поглед на живеалиште на диво животно, на пр., лав, тигар, жирафа, мечка или нешто друго. Се нуди и сместување во куќарки на дрво од кои можете и да ги храните животните, а тоа ноќевање чини 1.070 долари.
Фото: Јamalawildlifelodge
Собите за спиење се направени од еден пар кој ја поседува зоолошката градина. Во 2014 година тие го претвориле својот дом во зоолошката градина во хотел, а подоцна ги прошириле просториите за ноќевање.
Собите се полни речиси секогаш и многу гости се враќаат по неколку пати. Рекордот на најголем број ноќевања го држи една жена која 5 ноќи спиела во зоолошката градина.
Фото: Јamalawildlifelodge
Извор:
cncb.com