X
 10.04.2022 Наука

Неверојатни работи што можат да ги направат октоподите

Ги затвораме во аквариуми и ги ставаме на скара, но дали сме свесни за способностите на октоподите? Мозокот на октоподот е најинтелигентниот помеѓу безрбетниците, а според некои мерки, октоподите се исто паметни како златниот ретривер. Секое од осумте пипала на октоподот има сопствен мозок. Еве некои брилијантни работи за кои се способни овие животни.

Тие може да избегаат од аквариум

Еден октопод во Нов Зеланд избегал од аквариум со цевка за дренажа која водела до морето.

Може да ги собере во дупка голема колку книга

Доколку најдат отвор, октоподите може да излезат преку него дури и доколку е широк колку просечна книга.


Тие може да отворат тегли однадвор и однатре



Може да се бранат со камења

Истражувачката Џенифер Матер тврди дека набљудувала октоподи кои граделе камени ѕидови во нивните скривалишта за да се заштитат додека спијат.

Може да скокнат на земја за да фатат плен


Може да прават алатки

Биле забележани октоподи кои правеле алатки за одбрана.

Може да се камуфлираат

Некои видови октоподи се способни за камуфлажа и може да изгледаат како отровна риба или змија во очите на непријателот.


Октопод може да убие ајкула

Во еден случај вработени во аквариум ставиле ајкула и октопод во еден резервоар. Октоподот ја убил ајкулата.


Може да ви ја украдат камерата

Во еден случај било снимено како октопод краде камера и бега со неа без да го нападне сопственикот на камерата.


Извор: Upworthy
Насловна фотографија: Pixabay

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука