X
 15.06.2016 Образование

Каде живеат најинтелигентните луѓе?

„Газет ривју“ направи листа од 10 држави во светот со најинтелигентни жители комбинирајќи резултати од тестови за интелигенција, резултати од учениците на тестовите по математика и статистиките за високото образование на населението.


10. Шведска

Просечниот коефициент на интелигенција во Шведска изнесува 101. Оваа земја има добар образовен систем во кој повеќето од трошоците паѓаат на државата. Не чуди затоа што факултетите се достапни за повеќето, а ни тоа што поголемиот процент од населението е високо образован. Освен тоа, Шведска е втора земја по светот според користење компјутер на работното место. Со нив се служат дури 75% од вработените.

9. Австрија

Просечниот коефициент на интелигенција во Австрија изнесува 102, како и во Германија и Италија. Австрија има еден од најдобрите образовни системи на светот, а државата има и најголем број докторски титули меѓу работната сила во земјата во однос на остатокот од светот. Од 1.000 жители, дури 7 жени и 9 мажи се доктори на науки.

8. Германија

Германија во историјата имала многу филозофи, научници и уметници, па не чуди фактот дека голем број од граѓаните завршуваат факултети од овие области.

7. Италија

Италија е земја со некои од најпознатите уметници на сите времиња. Сепак, многумина забораваат и дека тоа е дом на многу иноватори на подрачјето на науката и технологијата. Просечниот коефициент на интелигенција изнесува 102.

6. Холандија

Просечниот коефициент на интелигенција во Холандија изнесува 103. Оваа земја има многу добар образовен систем за децата, со дури деветти најдобри резултати во светот кога станува збор за математичките тестови.

5. Сингапур

На врвот на листата на најинтелигентни луѓе се наоѓаат држави од Азија. Просечниот коефициент на интелигенција во Сингапур изнесува 103, а оваа држава се гордее со одличен образовен систем во кој се вложува многу пари.

4. Тајван

Просечниот коефициент на интелигенција во Тајван е 104. Жителите овде зборуваат кинески и англиски јазик, со што отвораат можности за професионална соработка со остатокот од светот.

3. Јапонија

Јапонија е позната по исклучително ригорозниот образовен систем поради кој учениците мора да посветуваат многу време во учење. Дури 99% од населението е писмено. Универзитетот во Токио се смета за најдобар во Азија, а Јапонија за еден од светските лидери на подрачје на научни истражувања. Просечниот коефициент на интелигенција во Јапонија е 105.

2. Јужна Кореја

Медиумската куќа „Блумберг“ ја прогласи Јужна Кореја за најиновативна земја во светот. Студентите имаат трети најдобри резултати на математичките тестови, а многу пари се трошат на истражувања и развивање нови идеи. Јужна Кореја има најбрза интернет-врска. Просечниот коефициент на интелигенција изнесува 106.

1. Хонгконг

Во Хонгконг живеат најмногу луѓе со највисок коефициент на интелигенција, чиј просек изнесува 107. Студентите во Хонгконг постигнуваат најдобри резултати на тестовите по математика и другите предмети, а тие имаат и најдобар образовен систем по Финска. Учениците се исклучително амбициозни, па запишуваат и дополнителни активности за да ги зголемат своите шанси за вработување.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование