X
 17.05.2016 Образование

Како да ја одберете вистинската професија?

Пред да одберете професија, потребно е да завршите со неколку чекори. За почеток, важно е да ги дефинирате своите интереси и добро да се информирате.


Дефинирајте што точно сакате

Неизмерно ја сакате математиката, добри сте со броеви и деца или сакате да станете професор? Запрашајте се колкава е таа љубов и обидете се да се замислите со повеќе професии за триесетина години. Важно е да ги разликувате вистинските желби од привремените. Притоа, бидете искрени со себе и проверете колку сте добри на тоа подрачје. Тешко е да се има визија за иднината во вашите години, но може да се обидете да ги извлечете барем своите приоритети и да делувате соодветно на истите.

Информирај се

Колку повеќе знаете, толку полесно ќе донесете одлука. Напорите кои ќе ги направите за да станете нешто понекогаш не вредат за професијата која не сакате вистински да ја работите. Информациите барајте ги од прва рака. Со други зборови, побарајте совети од оние кои имаат допирна точка со вашата сфера на интереси и чии информации ќе бидат релевантни во пракса, не само во теорија.

Направете план

Што побргу започнете да делувате за да го извлечете најдоброто од своите можности и способности. Поставете си цел и притоа имајте на ум дека денес општеството и светот ќе се разликува од она во иднина. Доколку сакате да имате семејство, одбегнувајте професии кои бараат многу патување. Конечно, направете пресметка за вашите приоритети.

Донесете ја одлуката

Пред самиот крај, постојат уште некои чекори кои може да ги направите. Обидете се да волонтирате таму каде што би сакале да работите еден ден. Така ќе видите дали реалноста е таква каква што ја замислувате. Пронајдете ментор кој детално ќе ве води низ работата и објективно ќе процени дали сте адекватни за одредена позиција. Пред вас е тешка работа, но не треба да се плашите. Секогаш може да ја смените одлуката и да започнете одново. Не треба да се откажете од своите желби, туку да утврдите дали тоа се навистина вашите вистински желби.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование