X
 10.07.2025 Живот

Магичен дрвен аеродром во Грузија - инспириран од жена владетел, а дизајниран од жени

Црпејќи инспирација од новата ера, како и од грузиската историја и одржливиот развој, новиот аеродром „Местија“ во Грузија ги комбинира историските и современите елементи, што го прави „културен камен-темелник“ за изградената животна средина на Грузија.

Терминалот ќе се простира на површина од 2.000 квадратни метри и ќе биде дефиниран со голема дрвена структура. Изградбата на проектот се очекува да започне оваа година.


Целата површина ќе биде на еден кат. Дрвената рамка на зградата ќе биде серија од големи дрвени греди и потпорни рамки, на кои ќе се постави покривна структура.

- Новиот терминал на аеродромот „Местија“ ги надминува границите на корисноста. Тој отелотворува дијалог помеѓу наследството и иновацијата, дејствувајќи како современо прераскажување на историскиот идентитет на Грузија преку архитектонски јазик. Во дизајнот е земена предвид трајната симболика на кралицата Тамара, а структурата функционира како сад на културен континуитет - оној што не само што им служи на патниците, туку ги пречекува во приказна што се создава со векови - изјавиле од „ЛСГ Солушнс“.

Природни, локални материјали

Мотиви што потсетуваат на шарите и материјалите од церемонијалната облека на кралицата Тамара се интегрирани во архитектонскиот јазик на зградата.

-Многу е симболично што аеродромот именуван по кралицата Тамара - жена владетел, е дизајниран од жени - изјавил раководителот на дизајнерскиот тим, Нино Григолашвили, додавајќи дека целиот концепт на зградата е директно поврзан со кралската облека на Тамара.

Треба да се каже дека оваа приказна е завршена со оптимизирање на употребата на локално набавени материјали. Така, топлите, дрвени тонови на структурата ќе бидат придружени со камени ѕидови и сиви подови. Светлата како ленти ќе го следат обликот на зградата, за да обезбедат вештачко осветлување низ целиот терминал.


Едногласно избрано

Предлогот на „ЛСГ Солушнс“ бил избран од 17 други водечки архитектонски фирми преку национален натпревар, организиран од „Обединети аеродроми на Грузија“ и бил едногласно избран од жирито. Бил пофален за неговата „просторна јасност, културна чувствителност и иновативен инженеринг“.

Треба да се напомене дека „ЛСГ Солушнс“ е мултидисциплинарна фирма за дизајн и управување со проекти, која работи во различни сектори, вклучувајќи недвижности, здравство, образование, индустрија, малопродажба, инфраструктура и развојни проекти со мешана намена. Нивната работа често се фокусира на одржливост, т.е. одржливи материјали.

Извор: baustela.hr

Фото: LSG Solutions

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот