X
 15.05.2025 Живот

Премиера на „Јон Вардар против галаксијата“ во Грузија

Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, влезе во официјалната селекција на 5. издание на Striped Tale Animation Festival 2025 што ќе се одржи од 16 до 18 мај во Тбилиси, Грузија.

Фестивалскиот тим на својата веб-страница го опишува филмот со следниве зборови:
„Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. Јон Вардар против галаксијата нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научнофантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух.“



Филмот досега имаше селекции на над десет фестивали, од кои 5 се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. Поддржан е од Агенцијата за филм.



Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот