X
 10.08.2018 Наука

Најлошите миризби во светот според науката

Расипани јајца, повраќаница од животно или подуен мртов кит? Миризбите можат да бидат навистина ужасни, но на некој начин тоа не нѐ спречува да го истражуваме големото прашање - која смрдеа е најодвратна?

Науката што се занимава со тоа што всушност ја прави миризбата ужасна е доста комплицирана. Според едно истражување, битката на лошата миризба се сведува на основната молекуларна структура. Во истражувањето биле опфатени 1.500 својства на 150 различни молекули, со цел да се воспостави врска помеѓу „пријатноста“ на миризбата и нејзините физичко-хемиски својства - односно начинот на кој се поставени молекулите.

Тимот од Беркли, Универзитетот во Калифорнија, открил дека молекуларната тежина и густината на електроните се тесно поврзани со тоа како ние ги доживуваме квалитетите на миризбата. Потешките, пораширени молекули имаат тенденција да бидат поврзани со лоши миризби, додека полесните, покомпактни молекули се попријатни.

Експертите за миризба веруваат дека постои нешто уште подлабоко - не станува збор само за тоа како мириса хемикалијата, туку како нашиот мозок реагира на тоа што го прави мирисот ужасен.

Истражувањата велат дека еволуцијата игра улога, со што нѐ тера да бидеме згрозени од миризби од кои традиционално се плашиме.

Но иако секоја миризба има различно значење за секој вид, постојат некои лоши миризби за кои можеме да кажеме дека треба категорично да се избегнуваат.

Уран


Неодамнешните истражувања го открија фактот дека планетата мириса на расипани јајца. Тимот од астрономи неодамна откри дека станува збор за водороден сулфид, гас што ја дава таа посебна миризба, кој е доста присутен во атмосферата на Уран.

Дуријан

Ова озлогласено овошје може да мириса толку лошо што неодамна доведе до масовна евакуација на Универзитетот во Мелбурн, откако студентите се плашеле дека има истекување на гас.

Излезе дека миризбата доаѓала од скапан дуријан. Според едно истражување, ова овошје го добива својот карактеристичен мирис од 44 миризливи активни состојки што можат да мирисаат од расипано јајце до вкусна карамела.

Рафлезија арнолди

Наречено и смрдлив лилјан, цвеќето буквално мириса на мртов труп што се распаѓа, со нота на риба и испотени чорапи.

Може да се најде во Југоисточна Азија и е најголемиот цвет во светот, со висина од околу еден метар.

Причината поради која мириса толку лошо е да привлече муви што се потенцијални опрашувачи. За жал, овој цвет е на работ на истребување и сега е заштитен вид.

Сирењето Vieux Boulogne


Ова е најсмрдливото сирење во светот. Еден научник ја анализирал неговата миризба со електронски нос, уред што детектира уринарни инфекции и туберкулоза. Тестот се покажал позитивен.

Антички измет

Следната миризба е толку очигледна, што е тешко да се пропушти. Ако не сте сфатиле, тоа се фекалиите или изметот што може да шири смрдеа и по неверојатни 700 години.

Археолозите за време на евакуацијата на средновековна јама во данскиот град Оденсе откриле дека тоалетите од 14 век сѐ уште мирисале на измет.

Мравојад од видот Tamandua tetradactyla

Не дозволувајте да ве измами со своето слатко лице. И не приближувајте му се бидејќи ќе зажалите. Овој мравојад е пет до седум пати посмрдлив од озлогласениот твор. Всушност, овој мравојад ја користи својата смрдеа за да ги избрка сите несакани предатори.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука