X
 10.09.2018 Живот

Зошто луѓето во Милано два часа чекаа во редица од 300 метри?

Пред неколку дена во Италија, поточно во Милано се отвори „Старбакс“ и веднаш стана хит! Луѓето чекаат и по два часа за да влезат и да нарачаат кафе.

„Старбакс“ во овој град е прогласен за најубав во светот, а пред него се протега редица од 300 метри што во ниту еден момент не се намалува.

Иако за кафе во преубавото Паласо деле Посте на плоштадот „Кордузио“ се чека и по два часа, Италијанците единствено се жалат на една работа - цените се превисоки.

- Два часа во ред за кафе во „Старбакс“. Не би чекала ниту да ми платат. Без зборови сум - коментира италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.
„Старбакс резерв ростери“, кое е кафуле, бар и продавница, се простира на 2.000 квадратни метри, а тука работат 300 луѓе. Станува збор за една од трите вакви продавници, а останатите две се наоѓаат во Шангај и во Сиетл. Подоцна оваа година една ќе се отвори во Њујорк, а во 2019 година во Токио и во Чикаго. Тие имаат поубав ентериер од обичните кафулиња „Старбакс“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот