X
 10.09.2020 Живот

Апокалиптични сцени од пожарите во Калифорнија

Како пандемијата да не беше доволна, па сега Калифорнија се соочува и со големи пожари кои создаваат речиси апокалиптични сцени.

Во одредени делови од заливската област на Сан Франциско небото е портокалово и со пепел. Експертите објаснуваат дека портокаловото небо го предизвикале облаци на чад што настанале од многубројните шумски пожари што беснеат низ цела Калифорнија.

Според метеоролозите, сончевата светлина може целосно да исчезне кога чадот и пепелта ќе се згуснат во близина на шумските пожари. Здравствените власти им советуваат на жителите да останат дома, да избегнуваат активности на отворено и вратите и прозорците да им бидат затворени.

Температурите продолжуваат да се искачуваат. Лос Анџелес неодамна ја забележа највисоката температура документирана некогаш: 49 Целзиусови степени во Вудленд Хилс, населба во западен Лос Анџелес.

Пожарите беснеат со таква жестокост што всушност можат да се забележат и од вселената.



Извор: Futurism.com | The Verge
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски/Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот