X
 10.09.2021 Живот

Два сребрени, еден бронзен медал и пофалница освои нашиот тим на Балканската математичка олимпијада

На овогодишната Балканска математичка олимпијада (БМО 2021), која се одржа на Денот на независноста, 8 Септември, првпат во последните 15 години нашата екипа освои два сребрени медали, и тоа од Никола Спировски и Лука Грашкоски.
Бронзениот медал за нашиот тим го освои Јасна Илиева, а со пофалница се здоби Блаже Суклевски, пишува во соопштението од Сојузот на математичарите на Македонија.

На БМО 2021 успешно учествуваа Дамјан Давков и Марија Атанасова. Лидер на тимот беше Никола Велов, заменик-лидер Петар Филиповски, а набљудувачи беа проф. д-р Мирко Петрушевски и проф. д-р Ѓорѓи Маркоски. Во подготовките на тимот придонесе и Илија Јовчески.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот