X
 10.10.2023 Живот

Колкави се казните за бавно возење во регионот?

Не се казнува само брзото возење, туку и бавното. Поточно, пропишани се казни за возачи кои возат толку бавно што ги попречуваат другите учесници во сообраќајот. Еве колкави се казните за бавното возење во дел од земјите во регионот.

Босна и Херцеговина

Според Законот за основите на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Босна и Херцеговина, возачот не смее да ја намалува брзината на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Согласно тоа, глобата за овој прекршок е 30 марки (околу 15 евра), но доколку е предизвикана сообраќајна незгода со овој прекршок, прекршителот ќе се казни со парична казна во износ од 50 до 150 марки и ќе добие казнен бод. Дополнително, за предизвикување сообраќајна незгода поради бавно возење, на возачот може да му биде изречена забрана за возење до два месеца.

Србија

Законот за безбедност во сообраќајот во Србија предвидува дека возачот не смее да вози толку бавно без оправдани причини што значително го забавува сообраќајот или ги загрозува другите учесници во сообраќајот. Во друга одредба на овој закон се вели дека доколку возачот вози бавно до степен до кој го попречува нормалното одвивање на сообраќајот, должен е да дозволи друго возило да го престигне, да го заобиколи или да помине безбедно на првото соодветно место.

Согласно законот, глоба во износ од 5.000 динари (45 евра) ќе му се изрече на лице кое ќе ја прекрши наведената одредба, односно ќе вози бавно до тој степен што го попречува нормалното одвивање на сообраќајот. Доколку возачот на бавно возило и покрај наредбата на полицаецот не застане да го помине колоната, казната за тоа е шест казнени поени и парична казна од 15.000 до 30.000 динари или затвор до 30 дена. За овој прекршок забраната за возење е најмалку три месеци.

Доколку овој прекршок предизвика и сообраќајна незгода или загрозена безбедност, глобите се повисоки, од 30.000 до 50.000 динари или затвор до 60 дена, како и девет казнени поени, додека забраната за возење на возилото е најмалку пет месеци.

Црна Гора

Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во Црна Гора предвидува дека доколку возачот вози бавно така што тоа го попречува нормалното одвивање на сообраќајот или како резултат на тоа се формира колона од возила зад возилото што го управува, тој е должен да дозволи возилата безбедно да го поминат на првото соодветно место, да го заобиколат или да поминат покрај возилото што го вози.

Во случај возачот да не дозволи возилата што се движат зад него безбедно да го претекнат, да го заобиколат или да поминат, според овој закон ќе се казни со парична казна од 80 до 250 евра.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот