X
 10.12.2022 Живот

Се продава замок од 16 век во Австрија - цената е околу 3 милиони евра

Замокот „Отеншлаг“ во истоимената општина во Долна Австрија се продава за над 3,3 милиони евра.

Пред 10 години замокот „Отеншлаг“ повеќе не бил во државна сопственост и бил префрлен на компанија за управување со недвижен имот. Ова бил првиот чекор кон можна продажба и покрај противењето на граѓаните.

1

Според информациите од огласот, замокот бил изграден во 1523 година, зафаќа 2.700 квадратни метри земјоделска површина од речиси 14.000 квадратни метри. Дополнително, замокот има и градина од 12.000 квадратни метри.

Според градоначалникот, Хеуриге Вимер сè уште има закуп до крајот на 2023 година.

2

Иако за стариот замок се изнесени различни идеи, на пример да се претвори дом за стари лица, градоначалникот сепак размислува за нешто друго.

- Се надеваме дека ќе дојде инвеститор и ќе создаде нешто големо за регионот - вели градоначалникот, кој лично би сакал замокот да се претвори во хотел.

4

Огласот за замокот можете да го погледнете ТУКА.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Luxuryestate.com
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот