X
 11.01.2022 Живот

Симон Трпчески и славниот виолинист Венгеров го освоија Лондон, следуваат Њујорк и Париз

Нашиот славен пијанист Симон Трпчески во тандем со рускиот виолинист Максим Венгеров овој месец трипати ќе ја делат сцената, откако лани првпат свиреа заедно на фестивалот „Музика мунди“. Тие синоќа ја почнаа серијата камерни концерти во лондонската сала „Барбикан“, каде што изведоа дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.

Концертот во Лондон поминал феноменално, со стоечки овации од публиката, а дуото дури три пати било враќано на бис.

Тандемот Венгеров-Трпчески на 20 јануари ќе настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, а седум дена подоцна и на големата сцена на Париската филхармонија.

фото: ФБ-страница на Симон Трпчески

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот