X
 14.09.2017 Култура

Нови успеси на пијанистот Трпчески и на виолинистот Димчевски

Пијанистот Симон Трпчески и виoлинистот Ѓорѓи Димчевски нижат нови меѓународни успеси во светот. Трпчески е поканет да биде резидентен уметник на „Вигмор Хол“ во Лондон, додека Димчевски го одржа и вториот концерт од турнејата со еден од најпознатите светски диригенти, Зубин Мехта.



За утревечер е закажан првиот од серијата од три концерти со различна програма во текот на сезоната ќе ја означи соработката на Трпчески со еден од водечките светски виолончелисти Даниел Милер-Шот.

„Само неколку дуо-партнерства може да ги понудат силниот интензитет и убеденоста што ја создадоа Даниел Милер-Шот и Симон Трпчески. Двојката се враќа во „Вигмор Хол“ за рецитал што сигурно ќе ја проектира емпатијата што ја делат двајца од најдобрите уметници на денешницата“ – го најавува настапот престижниот „Вигмор Хол“, за чија пак издавачка етикета Трпчески веќе е потписник на две компакт-диск изданија снимени од тамошните настапи во живо.

Инаку, Трпчески по настапите со Словенечката филхармонија во Грац, Австрија, при крајот од месецов ќе го означи и официјалниот старт на новата сезона на словенечкиот филхармониски оркестар кога под диригентската палка на Александар Марковиќ ќе го изведе фаворитот во пијанистичката литература - Концертот број 3 за пијано и оркестар на Рахманинов.

Димчевски замина на турнеја со Израелскиот филхармониски оркесар и маестро Мехта. Веќе настапија во Тел Авив, а сега се подготвуваат за концертот е во Тбилиси, Грузија. Следна дестинација им е Букурешт.

Димчевски е најуспешниот македонски виолинист кој работи во странство. Тој е концерт-мајстор на Шпанскиот национален оркестар, а веќе цела деценија ја имаше истата позиција во Оркестарот на Валенсија. Уште додека студирал во Германија сонувал да работи со големи имиња како Лорин Мазел и Зубин Мехта. На прашањето како се исполнува еден ваков сон, Димчевски вели:

- Квалитет кој се добива со напорна работа и малку среќа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура