Ако сте родител на дете на училишна возраст, веројатно сте се нашле во ситуација кога треба да му помогнете со домашната задача – што понекогаш може да биде вистински предизвик дури и за оние со висок коефициент на интелигенција.
Иако задачите во основно училиште изгледаат едноставни, начинот на кој се формулирани може да ги збуни не само децата, туку и нивните родители. Токму тоа ѝ се случило на една мајка кога ја видела математичката задача на нејзината шестгодишна ќерка.
Во обид да ја разбере задачата, таа побарала помош од други родители на социјалната мрежа „Редит“, надевајќи се дека некој ќе ѝ објасни што точно треба да направи. Таа споделила фотографија од страницата од работната тетратка, која носи наслов „Математиката во реалниот живот“.
Како гласи задачата?
Задачата е поставена на следниот начин:
„Искористете парчиња тестенини, копчиња или други мали предмети што ги имате дома. Прикажете го секој број над квадратот на различен начин. Како ги избројавте? Прашајте возрасно лице колку има. Како ги изброи таа личност?“
„Формулацијата е премногу збунувачка!“
Објавата на оваа мајка брзо стана вирална и предизвика лавина коментари. Некои родители веднаш ја разбрале логиката на задачата и понудиле објаснување, додека други не можеле да се снајдат и чувствувале дека е премногу комплицирана за првачиња.
Homework for a 6 year old
byu/Expert-Square-9124 inCasualUK
Многумина признаа дека формулацијата на задачата е нејасна и дека воопшто не е едноставна, особено затоа што нема даден пример. Некои се пожалија дека начинот на кој денес се предава математика е сосема различен од оној на кој тие учеле.
Имало и родители што се пошегувале на сопствена сметка, признавајќи дека поради задачата се чувствувале неспособни.
- Што точно значи „прикажете ги на различен начин“? Тоа ме збунува! – напиша еден корисник.
- Проблемот е што прашањето е премногу лошо формулирано. Без даден пример, многу луѓе би можеле да се изгубат - коментира друг редит-корисник.
- Гледам во ова и не разбирам ништо - признава трет родител.
Што мислите вие? Дали би можеле да ја решите задачата?
Извор:
Net.hr
Фото: Redit