X
 13.02.2026 Живот

Натпреварувачка во уметничко лизгање му напишала на професорот зошто не ја предала задачата: „Настапував на Олимпијадата“

Повеќето луѓе немаат изговор кога не ја завршуваат домашната задача навреме, но 22-годишната канадска уметничка лизгачка Маделин Шизас, која е истовремено и студентка, навистина имаше изговор, а воедно покажа дека дури и олимпијците имаат факултетски обврски.

На Зимски олимписки игри во Милано–Кортина 2026, Шизас го привлече вниманието на светот додека ја претставуваше Канада на лизгалиштетоТаа објави снимка од е-пораката што му ја испратила на својот професор, љубезно барајќи кратко продолжување на рокот за задачата по социологија на Универзитетот „Мекмастер“. Во пораката признала дека го погрешила датумот.

1
Фото: Instagram/Screenshot

- Јас го слушам вашиот предмет социологија и се прашувам дали би можела да добијам продолжен рок за задачата. Вчера настапував на Олимписките игри и мислев дека рокот е до недела, а не до петок - напишала таа и за да ја поткрепи приказната, испратила и линк до официјалното соопштение на Канадскиот олимписки комитет што го потврдува нејзиниот статус како учесничка на ЗОИ.

Одговорот од професорот


Неговиот одговор бил еднакво пријатен: наместо да ја критикува, го поддржал нејзиниот обид да ги усогласи обврските на мразот и факултетските обврски. На неговиот инстаграм-профил, кој го отворил токму поради оваа ситуација, објавил фотографија на која го гледа нејзиниот настап со пораката „So proud of you, Maddie!“ („Толку сум горд на тебе, Меди!“).


Тој нагласил дека го импресионирало тоа што не барала посебен третман, туку едноставно ја објаснила ситуацијата без фалење.

Олимписки успех и живот надвор од мразот

Шизас е важен дел од канадската екипа: заврши шеста во кратката програма и петта во слободното лизгање, придонесувајќи за вкупното петто место на Канада во екипна конкуренција.

Извор: BIZlife.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот