X
 11.03.2019 Живот

Експанзија на пазарот на канабис - побарувачката е многу поголема од понудата

Европскиот пазар на канабис до 2028 година ќе има вредност од 123 милијарди евра, предвидуваат аналитичарите, што е дупло повеќе од ланските приходи на „Епл“ во Европа. Како што пишуваат западните медиуми, светот сведочи на раѓање на индустрија вредна меѓу 500 милијарди и еден билион долари. Иако тие бројки можеби ви се чинат преголеми за да се вистинити, факт е дека марихуаната ја заврши минатата година како една од најперспективните инвестиции. Затоа, не е ни чудно што десетина компании кои ја произведуваат веќе имаат пазарна вредност поголема од милијарда долари.

Најголемата од сите, канадската „Канопи Гроут“, минатата недела најави партнерство со милионерката Марка Стјуарт, која ќе промовира канабидол (CBD), состојка на канабисот. Со тоа Стјуарт стана дел од групата од која дел е и хип-хоп ѕвездата Снуп Дог. Тој, пак, ја промовира замената за марихуана на „Канопи“, таканаречената „Твид“. Но, тие соработки се само едни од многуте што го преплавија брзорастечкиот пазар.

Производителот на цигари „марлборо“, „Алтриа“, за 45-отстотен удел во компанијата „Кронос“ плати 1,8 милијарда долари, а сопственикот на „Будвајзер“ вложи 50 милиони долари во заеднички потфат со компанијата „Тилрај“, со која има намера да направи пијалак со марихуана.

Според експертите, растот на индустријата е последица на многу едноставна економија - многу е поголема побарувачката за канабисот и производите во чиј состав влегува тој од понудата. Така е дури и во Канада, од каде што потекнуваат сите наведени компании и каде што никогаш немало недостиг од рекреативни одгледувачи на марихуана.

- Црниот пазар на канабис не може да влезе на легалниот пазар. Медицинскиот канабис се следи од самиот почеток, односно од садењето до продажбата регулацијата е многу строга. Ако ја берам билката, регулаторот буквално мора да дојде и да ме гледа како ја сечам - истана Александра Чонг, извршна директорка на компанија која се занимава со одгледување медицински канабис.

Но, токму поради тие строги контроли, понудата заостанува зад побарувачката.

- На пациентите овој производ им е многу потребен и всушност владее голем недостиг во неговата понуда. На Канада ѝ беа потребни десет години и сè уште не може да го задоволи целиот свој пазар, кој е сочинет од 30 милиони луѓе. На светот има 48 земји што го легализираа медицинскиот канабис и многу сме далеку од задоволувањето на побарувачката. Легализацијата се случува многу брзо и производството тоа едноставно не може да го следи - се пожали Чонг, која е во предност со оглед на тоа дека својата марихуана ја одгледува на Јамајка, каде што климата е многу поповолна за одгледување на билката од канадската.

Таа истакна и дека ќе го прошири производството во земји со слична клима, во Африка и во Азија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот