X
 11.03.2022 Живот

Ова внатрешно нуклеарно засолниште може да го собере дури и во мало станче

Јапонска компанија продава метални засолништа кои можат да се вградат во станови и мали куќи за заштита од природни катастрофи, па дури и од радијација и ракетни напади.

Веројатно сте слушнале за милионерите и оние што се подготвуваат за судниот ден и градат луксузни подземни бункери. Но, една јапонска компанија тврди дека можете да ја преживеете нуклеарната апокалипса од удобноста на вашиот дом, во едно од нејзините затворени засолништа.

„ВНИшелтер“ е специјализирана за компактни засолништа дизајнирани да се спротивстават на сѐ, од природни катастрофи како земјотреси и поплави до ракетни напади и радијација. Засолништата доаѓаат со сопствен систем за филтрирање на воздухот и можат да бидат во различна големина за да обезбедат простор од едно до седум лица.

1
Фото: WNShelter

Сегашната ситуација во Украина уште еднаш ја доведе во прашање можноста за нуклеарна војна, а компаниите ја користат како изговор за рекламирање на своите производи.

- Сите што се загрижени за инвазијата на Украина! Што треба да направите за да се заштитите? Најновата суперсонична ракета од Северна Кореја! Лета цикцак, невозможно да се пресретне! Подгответе се за вонредна состојба со нуклеарно засолниште! - пишува на веб-страницата на „ВНИшелтер“.

Металните засолништа се очигледно отпорни на експлозии, отпорни на удари и можат да обезбедат совршена изолација од радијација, како и од биолошко и хемиско оружје.

2
Фото: WNIshelter

Јапонската компанија тврди дека нејзините засолништа можат да постигнат позитивен воздушен притисок со што се спречува навлегувањето на радиоактивни соединенија и други загадувачи. Системот за филтрирање „Рејнбоу 72Р“ наводно задржува 99,995 отсто од различните штетни материи содржани во надворешниот воздух.

Решенијата на „ВНИшелтер“ наводно обезбедуваат заштита од 5 големи закани: поплави, експлозии, земјотреси, радиоактивни материјали, како и биолошко и хемиско оружје. И бидејќи може да се инсталира во вашиот дом, ваквото засолниште можете да го користите како личен простор додека не мора да го користите за намената.



Извор: Odditycentral.com https://www.odditycentral.com/news/this-indoor-nuclear-shelter-fits-even-in-a-tiny-apartment.html
Фото: WNIShелтер
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот