X
 11.03.2023 Живот

Во Норвешка се гради најдолгиот тунел за велосипедисти и пешаци

Наскоро ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наменет за пешаци и велосипедисти. Тунелот поминува низ планината Ловстакен во Југозападна Норвешка, поврзувајќи ги регионите Филинсдален и Мидемирен. По излегувањето од тунелот, велосипедистите може да продолжат со возење до Берген по постојни патеки.

Патеката од Филинсдален до центарот на Берген изнесува 7,8 километри, што е возење од околу 25 минути. Моментално, возењето со велосипед меѓу овие две места трае околу 40 минути. Целта на тунелот е да се овозможат услови за користење велосипед за жителите во овој регион за да се намали сообраќајот во градот, како и емисиите на јаглероден диоксид.

Тунелот ќе биде отворен секој ден од 5:30 наутро до 23:30 часот. Во него има добро осветлени места за одмор и сигурносни камери, како и телефони за итни случаи на секои 250 метри.

Во тунелот има специјално осветлување кое покажува кога доаѓа велосипедист или пешак, а температурата во него ќе биде одржувана на 7 Целзиусови степени.

Свеченото отворање на тунелот е закажано за 15 април.


Извор: Green
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот