Инфографикот подолу ги прикажува државите со најмногу освоени медали во историјата на Зимските олимписки игри, поделени по златни, сребрени и бронзени медали. Податоците не ги вклучуваат резултатите од Милано-Кортина 2026, кои сè уште се во тек.
Податоците се обезбедени од Меѓународниот олимписки комитет, кој ги рангира националните олимписки комитети според вкупниот број медали.
Норвешка - неприкосновена зимска сила
Со 405 медали, од кои 148 златни, Норвешка доминира на 24 Зимски олимписки игри. Со население од само околу 5 милиони луѓе, ова е особено импресивно. Државата се издвојува во нордиско скијање, биатлон и брзо лизгање.

Фото: Visual Capitalist
САД имаат вкупно 330 медали, од кои 114 се златни, со успех во разни дисциплини, од сноуборд до хокеј на мраз.
Германија е трета со 267 медали, а кога ќе се вклучат Источна Германија (110) и Западна Германија (39), целокупното германско олимписко наследство станува уште поголемо.
Советскиот Сојуз, кој учествувал на девет Зимски олимписки игри, освоил 194 медали, додека Русија собра 121 медал на 6 настапи.
Канада се најде на петтото место, а се издвојува во хокеј на мраз, слободно скијање и брзо лизгање на кратки патеки.
Извор:
Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist