„Епл“ моментално работи на објавување на оперативниот систем „иОС 26.4“, кој моментално е во бета-тестирање и треба да донесе нови функции како што се плејлисти на „Епл мјузик“ со вештачка интелигенција и поддршка за енкрипција од испраќач до примач за „РЦС“.
Пакетот вклучува и осум нови емотикони, базирани на стандардот „Јуникод 17.0“.
Еве ја листата:
-искривено лице: ефект на рибино око што прикажува лице со големи очи на страната од главата, со генерално изненаден израз,
-облакот на борбата: нешто што би очекувале да го видите над сцена на борба во стрип,
-балерина: лице што танцува додека балансира на една нога,
-орка: кит убиец,
-влакнесто суштество: Бигфут, Јети...
-тромбон: дувачки музички инструмент,
-лизгачко земјиште: голема карпа со камења што паѓаат настрана,
-ковчег со богатство: ковчег што се отвора за да открие круна, златни монети, рубини и бисерен ѓердан.

Сè уште не е познато кога ќе бидат пуштени за поширока употреба, но можно е тоа да се случи пред април.
Извор: tportal.hr
Фото: Emojipedia screenshot