X
 11.04.2017 Здравје

Како глобалното затоплување е поврзано со честите алергии?

Сè поголем е бројот на луѓе кои страдаат од сезонски алергии, а експертите предвидуваат влошување на состојбата на овие луѓе во иднина. Глобалното затоплување може да предизвика подолго траење на сезоната на цветање, а зголемувањето на нивото на СО2 им помага на дрвјата и растенијата да растат побрзо и повеќе. Тоа може да значи повеќе полен кој предизвикува алергија. Ова е особено лоша вест за лицата со алергиска астма, кои може да страдаат од напади опасни по животот.

Сезонските алергии, исто така познати како поленска треска се поврзани со „сексот“ на растенијата. За да репродуцираат, голем дел (но не сите) растенија треба да го пренесат поленот од машкото растение до женскиот цвет. Некои се потпираат на опрашувачи како пчелите. „Но, некои растенија сакаат да се извлечат полесно и затоа го имаат ветрот кој ги опрашува“, вели Луис Зиска, биолог од Министерството за земјоделие во Америка. Проблемот е тоа што опрашувањето со помош на ветрот не е многу ефикасно. Затоа, некои растенија создаваат милијарда зрна полен за да се осигураат дека стигнат до женскиот цвет.

На пролет, дрвјата се растенија кои се прилично зафатени. На летo, тоа е тревата и другите растенија. На есен, амброзијата. За сите оние кои страдаат од сезонска алергија, овој полен го стимулира имунолошкиот систем, кој го препознава поленот како опасен напаѓач. Поради тоа клетките на имунитетот испумпуваат молекули кои предизвикуваат чешање и отекување.

Постојат неколку различни начини на кои климатските промени може да ги влошат алергиите. Растенијата го апсорбираат јаглерод диоксидот за производство на гориво преку фотосинтеза, па идејата е дека повеќе СО2 во воздухот, значи повеќе храна за растенијата. Ова би можело да доведе до поголемо растење на растенијата а со тоа и повеќе полен.

Зголемувањето на нивото на СО2 исто така предизвикува растење на глобалната температура, особено на повисока географска широчина. Со ова се продолжува сезоната на растење и на растенијата им овозможува да создаваат повеќе полен во подолг временски период.

Сето ова може да влијае врз амброзијата, цветното растение кое е главната причина за поленската треска. Научниците открија дека амброзијата одгледувана во лабораторија цвета повеќе и произведува повеќе полен кога се зголемува нивото на јаглерод диоксидот. Овие резултати биле забележани и надвор од лабораторијата.

Сепак, научниците треба дополнително да откриваат многу работи за високите температури и глобалното затоплување како и покачувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Но, едно е сигурно: како што температурите продолжуваат да рушат рекорди ширум светот, така алергиите ќе се влошуваат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје