X
 11.05.2021 Живот

Името на Илон Маск пронајдено во книга за колонизација на Марс од 1952 година

Илон Маск е еден од најпопуларните претприемачи денес, а една книга од 1952 година го прави уште попопуларен во моментов. Станува збор за книга во која се споменува името Илон како лидер на луѓето на Марс.

Книгата била откриена и објавена на интернет во декември минатата година, кога корисник на „Твитер“ одговорил на објава од Маск за неговата судбина. Корисникот Тоби Ли објавил фотографија од страницата на книгата на која пишува дека човек наречен Илон ќе ги однесе луѓето на Марс.



Книгата наречена „Проект Марс“ била напишана од Вернер фон Браун. Маск не бил сигурен дека станува збор за вистинска книга, но друг корисник одговорил со англискиот превод од книгата со кој покажал дека не станува збор за измама.



Тој објаснил дека во книгата Илон не било име на лик, туку титула која им се доделувала на одбраните лидери на Марс. Сепак, коинциденцијата е преголема.

Автор: Тони Тран
Извор: futurism.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот