X
 09.02.2023 Наука

Што вели науката, дали животните можат однапред да почувствуваат земјотрес?

Птиците немирно летаа над зградите покриени со снег, а кучињата гласно завиваа непосредно пред да се случи разорниот земјотрес кој уништи згради и уби илјадници луѓе во Турција и во Сирија.

Ова се дел од сведоштвата на луѓето на социјалните мрежи, кои тврдат дека животните се однесувале чудно непосредно пред силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала и последователните потреси.

Сепак, тврдењата дека животните можат да „предвидат“ силни земјотреси одамна постојат. Згора на тоа, постојат некои научни студии кои ги поддржуваат ваквите тези.

Како што сеизмолошките уреди снимаат земјотреси кои човечкото тело не може да ги почувствува, така и животните имаат подобри сетила за детектирање на мали потреси и треперења кои патуваат во внатрешноста на Земјата неколку секунди пред да продрат посилни земјотресни бранови, објаснуваат научниците. Некои истражувачи велат дека животните можат да ги почувствуваат дури и пред да се случат форшоковите (мали треперења на земјата пред земјотресот).

Според Геолошкиот институт на САД, абнормалното однесување на животните пред да се случи земјотрес се објаснува со разликата помеѓу две форми на сеизмички бранови. Примарните или П-брановите се првите што се испуштаат од епицентарот на земјотресот. Тие патуваат со неколку километри во секунда. Животните со зголемени сетила можат да ги детектираат. Потоа следуваат посилни секундарни или С-бранови кои ја тресат земјата.

П-брановите забележани од сеизмолошките уреди се користат и за системи за рано предупредување, но таквите предупредувања обично пристигнуваат помалку од една минута пред ударот. Некои истражувачи тврдат дека животните можат да почувствуваат земјотреси дури и пред форшоковите, што значи и неколку часа порано.

- Постојат многу добри индикации што покажуваат дека животните навистина чувствуваат нешто што му претходи на земјотресот, а тоа не е сеизмичка активност - тврди Мартин Викелски, директор на Институтот „Макс Планк“, кој се занимава со однесувањето на животните и има спроведено цела студија поврзана токму со оваа тема.

Неговото истражување објавено во 2020 година опишува како истражувачите прикачувале електронски уреди на крави, кучиња и овци на италијанска фарма за да ги следат нивните движења кога ќе се случеле земјотреси во близина.

Научниците откриле дека пред седум од вкупно осум големи земјотреси што се случиле во близина животните биле невообичаено „суперактивни“, што значи дека непрекинато се движеле повеќе од 45 минути. Така, истражувањето сугерирало дека животните можат да детектираат земјотреси повеќе од 12 часа пред луѓето, долго време пред какви било форшокови.

@straybeautiful 🆘PLEASE PRAY FOR THE SAFETY AND WELL BEING OF OUR STRAYS AND OUR PARTNER SAVIORS🙏 #AnimalWelfare #SupportAnimalRescue #HelpAnimals #SaveTheAnimals #AnimalProtection #AnimalLivesMatter #AnimalRights #EndAnimalCruelty #SaveTheAnimals #SupportAnimalRescue #RescuePets #dogsoftiktok #dog #turkeyearthquake #cats #dogsofttiktok ♬ original sound - Stray Beautiful
- Сè уште не се јасни причините зошто животните реагирале толку невообичаено. Постојат индиции дека можат да ни кажат нешто. Како го прават тоа, сè уште не знаеме - вели тој. Тој верува дека нивната способност да почувствуваат опасност може да биде поврзана со нивната способност да комуницираат едни со други.

- Кравите првично стоеја како замрзнати и воопшто не се движеа. Тоа направи кучињата да се нервозни, па почнаа да лудуваат и да лаат. По нив почнаа да полудуваат овците. Сето ова предизвика и кравите да полудат - објаснува тој.

Истражувањето покажало дека животните може однапред да детектираат земјотреси на оддалеченост од приближно 19 километри од епицентарот, вели авторот. Тој планира да спроведе дополнително истражување за тоа дали домашните животни можеби реагирале на нивоата на железо што се ослободува во воздухот со подземен притисок.

- Постојат и други фактори што овие животни ги разбираат, но сепак тоа е непознато поле - вели Викелски.

Извор: Washington Post
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука