X
 11.07.2017 Здравје

Науката конечно ја открива тајната за добар сон

Ако досега мислевте дека удобната перница ќе ви обезбеди добар сон, една нова студија ќе ве премисли. Имено, таа докажува дека сонот ќе ви биде подобар ако имате нешто вредно за што би се разбудиле следниот ден.

Ова е прво истражување од овој вид и е направено во САД, а истражувачите откриваат дека имањето цел во животот ќе ви го осигури квалитетот на сонот. Иако сите учесници во истражувањето биле возрасни, научниците велат дека заклучоците се применливи и на помладите.

Проблемите со спиењето се поврзуваат и со многу болести, што значи дека ако имате подобар сон, ќе имате и подобро општо здравје.

„Помагањето на луѓето да негуваат цел во животот може да биде ефективна стратегија без лекови која го подобрува квалитетот на сонот, особено за популација која сѐ почесто се соочува со несоница“, вели Џејсон Онг, еден од авторите на студијата. Тој додава дека целта во животот е нешто што треба да се негува и нагласува преку терапии.

Досега се знаеше дека на возрасните им се потребни од седум до девет часа сон, но ова се разликува од една до друга личност, зависно од возраста, стилот на живот и гените.

Зрачењето од уредите и паметните телефони го нарушува ослободувањето на мелатонин, хормонот за одмор, и ги менува шемите на спиење. На сонот влијание има и прекумерната тежина, консумацијата на алкохол и пијалаци со шеќер, пушењето и недостигот од физичка активност, стресот, работата во смени, финансиските проблеми и слично.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје