X
 11.08.2021 Живот

Откриени најдобрите аеродроми во светот за 2021 година

За првпат во речиси една деценија, аеродромот „Чанги“ во Сингапур не е прогласен за најдобар аеродром во светот според ранг-листата на консултантската компанија „Скајтракс“.

Меѓународниот аеродром „Хамад“ во Доха сега е прогласен за најдобар аеродром во светот за 2021 година во категоријата за најдобри аеродроми во светот. Аеродромот во Сингапур сега се наоѓа на третото место. На листата на најдобри 10 аеродроми доминираат аеродроми од Европа и Азија.


Фото: Doha Hamad Airport

Ранг-листата се составува според оцени од корисници на анкета што се спроведувала повеќе од една година, од април 2020 до јули 2021.

Најдобри 10 аеродроми во светот

1. Меѓународен аеродром „Хамад“, Доха
2. Аеродром „Ханеда“, Токио
3. Аеродром „Чанги“, Сингапур
4. Меѓународен аеродром во Инчеон, Јужна Кореја
5. Аеродром „Нарита“, Токио
6. Аеродром во Минхен
7. Аеродром во Цирих
8. Аеродром „Хитроу“ во Лондон
9. Меѓународен аеродром „Кансаи“, Јапонија
10. Меѓународен аеродром во Хонгконг

Извор: CNN
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот